Македонија
27. February 2016 - 12:24

Едно лице потешко повредено во сообраќајка во Куманово

Едно лице е потешко, а тројца се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 21:15 часот на крстосницата помеѓу регионалниот пат Куманово-Свети Николе и булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, соопшти денеска МВР.

Во несреќата учествувале два автомобили „Југо“ управуван од 30-годишната Р.К и „Шкода“ управуван од 38-годишниот З.П.

Во несреќата се повредени двајцата возачи и две сопатнички, од кои едната е со тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршиле екипи на СВР Куманово кои работат на утврдување на причините за сообраќајната несреќа.