Македонија
11. August 2018 - 11:19

Едно лице потешко повредени, тројца полесно во судар на две возила кај скопско Батинци, три деца поминале без повреди

Вчера година во 20.30 часот на регионалниот пат Скопје - ХЕЦ Козјак, атар на с.Батинци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило„Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К. (32) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „Фолксваген Венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б. (28) од с.Цветово Скопје.

Од незгодата со тешки телесни повреди со здобил сопатникот во возилото „Југо“, С.А. (22) од с.Студеничани, додека со телесни повреди се здобил возачот Ј.К. Тие со друго возило биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

По укажаната помош С.А. бил задржан на лекување, додека Ј.К. бил пуштен на домашно

лекување.

Од незгодата, исто така, со телесни повреди се здобиле и возачот на возилото „Фолксваген Венто“ и сопатничката А.Б. (25) од с.Цветово. По укажаната помош во Градската општа болница „8- ми Септември“, тие биле пуштени на домашно лекување.

Три деца на возраст од една, шест и три години, сопатници во возилото „Фолксваген Венто“, поминале без повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.