Едно лице почина и петмина се повредени во невремето во Франција
Едно лице погина, а петмина се повредени на југозападот од Франција заради силните ветрови што на атлантското крајбрежје дуваа со јачина од 140 километри на час, јавија француските медиуми.
Околу 400.000 домови останаа без електрична енергија, соопштија локалните власти.
Медиумите, цитирајќи пожарникарски извори, наведуваат дека животот го загубил 70-годишен возач на автомобил кој налетал на урнато стебло на патот.
Ветрот туркал стебла врз возила на патиштата, при што пет други лица биле повредени, од кои двајца се наоѓале во тешка сосотјба, пренесе каналот Њуз Азија.
Силните ветрови го кренале покривот на едно училиште, но оттаму нема информаци за повредени.
Портокалова узбуна е прогласена во 23 департмани од југозападот и северот на земјата, како и на Алпите и на Корзика, главно заради силните ветрови и поплавите.
На кратко во прекин беше железничкиот и поморскиот сообраќај, а имаше и одложување на авионски летови.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти