Едно лице почина, две се потешко повредени во сообраќајката кај Крива Паланка
Едно лице почина, а две се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајната незгода што се случи попладнево, околу 15 часот на магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка – граничен премин Девет Баир.
Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи Куманово, Живкица Чавдаревиќ, во сообраќајната несреќа учествувале патничко и товарно моторно возило.
-Несреќата се случила кај месноста Пашина воденицa, во атарот на селото Кркља, општина Крива Паланка, на делот од магистралниот пат од Крива Паланка кон Деве Баир. Во неа учествувале тешко товарно возило марка мерцедес и патничко моторно возило опел корса при што едно лице го загубило животот, а две се тешко повредени, рече Чавдаревиќ.
До незгодата дошло кога возачот на патничкото возило кој се движел од граничниот премин Деве Баир кон Крива Паланка удрил во товарното возило кое се движело во спротивниот правец.
Возачот на патничкото моторно возило починал во здравствениот дом „Димитар Арсов“ во Крива Паланка, а сопатникот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во ургентниот центар во Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил и сопатникот во товарното моторно возило.
Ново на Сител
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел