Едно лице обвинето за оддавање службена тајна
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице кое се товари за продолжено кривично дело „Оддавање службена тајна“, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Македонија.
Во повеќе наврати во текот на јули 2020 година во Скопје, се појаснува во соопштението, обвинетиот, на возраст од 56 години, и сторил достапни на јавноста документи од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на незаконит начин. Документите биле класифицирани како службена тајна со степен на доверливост „строго доверливо“ и се однесувале на оперативно истражување на УБК.
– Така, на 07.07.2020 година обвинетиот на прес-конференција презентирал фотокопии од делови од работна верзија на документ – Извештај од разговор со лице кое соработува со УБК и една службена белешка. На 8, 9 и 12 јули 2020 година, на својот Фејсбук профил продолжил да објавува делови од класифицирани документи, меѓу кои и транскрипти од разговори со таргети во тогашната УБК, се наведува во соопштението од Јавно обвинителство на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто