Македонија
8. November 2017 - 16:41

Едно лице е убиецот на Мартин Јанушев, соопшти денеска МВР

Полицијата има осомничено лице за убиството на 28 годишниот Мартин Јанушев. Истрагата до сега утврдила дека едно лице е извршител на убвиството, а снимките од видео надзорот во околните објекти и надзорните камери на МВР помогнале да се утврди идентитетот на извршителот. Министерот за внатрешни работи вели дека полицијата се сомнева оти тој е во Македонија, но засега останува недостапен за истражните органи. Спасовски открива дека нерасчистени односи биле причина за убиството, но полицијата сеуште не утврдила кои се меѓусебните недоразбирања, иако исклучила било каква политичка поврзаност со случајот. Во изминатите пет дена биле сослушани 35 лица кои биле сведоци на настанот, пријатели на жртвата и членови на семејството. Министерот вели дека нема пропуст во истрагата и дека е проверен секој детал поврзан со случајот, притоа исклучувајки било какава поврзаност со вооружените инциденти кои изминатите денови се случуваа во Скопје.

Министерот Спасовски вели дека од јули годинава до сега во Македонија се случиле 12 убиства, а нерасчистени се две. Едното е убиството на јанушев , а второт на Дилавер Бојку Леку во Струга.

За убиството на Леку полицијата се уште нема информации за можниот извршител, бидејки како што посочи Спасовски многу луѓе биле вклучен во случајот.

Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ и денеска побараа одговорност од Спасовски.

Министерот вели дека во МВР смртта на лекарката Јекла Масин Спасосвска која беше пронајдена мртв во нејзиниот стан е затв орен камко самоубиство. Од обвинителството пак велат дека се уште утврдуваат што точно се случило.

- Истрагата во предметот се финализира. Прибрани се вербални и материјални докази. Се очекува пристигнување на побарано дополнение од Судска медицина, кое е битно за донесување на јавно обвинителска одлука за натамошно постапување. Во насока на расветлување на настанот, надлежниот јавен обвинител имаше средба и со блиски членови од семејството на починатото лице, се вели во одговорот кој го добивме од обвиниотелството.

Спасовски на денешниот брифинг со новинарите порача дека нема да има толеранција кон криминалот без разлика кој е извршителот на делото, демантирајки било каква можност за вмешаност на партијата од која доаѓа  со постапките на истражните органи.