Свет
26. August 2016 - 10:00

Една жртва во експлозија во спортски центар во Белгија

Еден човек загина и четири се повредени во експлозија во спортски центар на југ во Белгија.

Според полицијата, најверојатно станува збор за експлозија на боца со плин и нема знаци дека во прашање бил терористички напад.

Двете повредени лица се во критична состојба. Експлозијата се случила по полноќ во градот Шиме во близина на границата со Франција.