Македонија
20. November 2020 - 18:37

Една жртва и повредени во тешка сообраќајка помеѓу трактор и два автомобила во Кавадарци

Една жртва и други повредени има во тешката сообраќајка вечерва помеѓу трактор и два автомобила во Кавадарци.

Од Итната медицинска помош потврдија дека засега со сигурност може да се каже дека има една жртва, а точниот број на повредени засега не може да се каже.

Портпаролот  на СВР Велес, Верољуб Додевски рече дека во тек е увид на лице место и засега не може да каже повеќе детали.