Балкан
23. April 2022 - 16:35

Една жртва и огромни материјални штети во земјотресот во Босна

27-годишна девојка е првата жртва од земјотерсот со јачина од 5, 7 степени по Рихтер кој доцна синоќа ја погоди Босна и Херцеговина.

Девојката се здобила со тешки телесни повреди кога врз семејната куќа во Столац епицентарот на земјотресот, паднала огромна карпа. Нејзините родители со полесни повреди се пренесени во болницата во Мостар, а жителите на Столац сведочат за ужасните моменти на  потресот.

Оштетени згради, куќи, училишта, уништени автомобили, распукани ѕидови, фасади и патишта,  и огромни одрони е сликата од Босна утринава. Земјотресот предизвика огромни материјални штети кои допрва ќе се утврдуваат, полесно повредени се 100тина граѓани, а пожарникарите имале повеќе од 60 интервенции во текот на ноќта. По непроспиената ноќ, властите повикуваат на смиреност.  

По силниот земјотрес во текот на ноќта биле регистрирани и 30-тина помали потреси. Првиот силен земјотрес нешто по 23 часот вчеравечер беше почувствуван и во западните и северните делови на Македонија како потрес од 3 степени според Рихтер.

Земјотресите беа почувствувани и во Црна Гора во близина на епицентарот, во јужното приморје на Хрватска, како и во Србија и Албанија.