-->
-->
Една жртва и неколку повредени во протести во Боливија
-->
Едно лице е убиено, а неколку се повредени во судири во Ла Паз меѓу демонстранти и боливиските безбедносни сили кои се обидуваа да ги растераат приврзаниците на поранешниот претседател Ево Моралес.
Боливискиот орган за човекови права соопшти дека еден демонстрант е убиен од огнено оружје и додаде дека бара истрага за инцидентот.
Хенин Анес, десничарска сенаторка, минатата недела се прогласи за привремена претседателка на Боливија по заминувањето на левичарот Ево Моралес, кој поднесе оставка под притисок на опозицијата која го обвини за изборна кражба.
Поддржувачите на Моралес со денови ја блокираат рафинеријата што го снабдува со гас и бензин целиот регион на Ла Паз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот