-->
-->
Една жена загина, три лица повредени во тешка сообраќајка на патот Велес – Штип
-->
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на магистралниот пат Велес – Штип, по градската депонија, во која животот го загуби едно лице, а три други се повредени.
Во сообраќајната несреќа учествувале два патнички автомобили, БМВ со радовишки регистарски ознаки, и БМВ со британски регистерски ознаки.
Како што информираат од МВР, во сообраќајната несреќа што се случила синоќа околу 21.45 часот починала сопатничката во БМВ-то со британски регистарски ознаки, а станува збор за 67-годишната М.Н. од Свети Николе, а возачот М.Н. (42) и другиот сопатник од возилото со тешки повреди се пренесени во велешката болница.
Возачот на БМВ-то со радовишки регистарски ознаки, 33-годишниот Г.Ѓ. со тешки телесни повреди бил пренесен во велешката болница, а оттаму во Ургентниот центар во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно