Една третина од ирските фирми изложени на ризик од Брегзит без договор
Една третина од ирските фарми ќе бидат изложени на ризик од реализирањето на Брегзит без договор, предупреди Националната банка.
– Околу една третина од сите фарми се определени како економски ранливи, се наведува во соопштението на Централната банка на Ирска.
Според Министерството за земјоделство, во 2017 година, 38 проценти од извозот на ирски земјоделски производи е направен во Велика Британија.
Но, доколку Велика Британија ја напушти ЕУ на 31 октомври без договор, може да се врати на правилата на Светската трговска организација (СТО), што се однесуваат на тарифи и други бариери за таквата прекугранична трговија.
– Секторот е многу зависен од пазарот во Велика Британија, соочен пред високи тарифи при тешко сценарио за Брегзит и има значителна концентрација на помалите фирми со ниски или негативни приходи од пазарот, се вели во извештајот на Банката.
Претседателот на Ирската асоцијација на земјоделци, Џо Хили изјави дека Брегзит без договор ќе биде „катастрофален за земјоделските производители од Ирска“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација