Една третина од Французите се здебелиле за време на мерките на изолација
Една третина односно 35 отсто од Французите изјавија дека се здебелиле, во просек 3,2 килограми, а една петтина ја зголемиле телесната тежина за пет килограми, а 19 проценти ја намалиле тежината за време на мерките за изолација, јави дописникот на МИА.
Анкетата на Одокса покажува дека Французите кои редовно или повремено пијат алкохол се намалил за шест поени за два месеци, од 57 отсто пред изолацијата на 51 процент, според истото истражување.
Слична е ситуацијата и за оние што консумираат масни производи (три поени) или солени производи (пет поени). Конечно, редовните и повремени пушачи преминаа од 27 на 23 отсто.
– Заеднички објаснувачки фактор за сите овие подобрувања: Сите овие однесувања имаат социјална димензија. Ние пиеме повеќе, пушиме повеќе, јадеме повеќе кога сме во друштво, потенцираат авторите на анкетата.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори