Џет-Сет
6. March 2017 - 11:09

Една од најубавите жени на светот во паника: Хакерите и ги украдоа голите свадбени фотографии

Мислеше дека никогаш нема да стигнат до јавноста, но наскоро можно е и тоа да се случи.

Иако станува збор за фотографии кои се снимени во 2011 година, дојде денот кога истите ќе бидат мета на хакерски напад, од кој секако оштетена е само славната манекенка Кејт Мос. На фотографиите Кејт се подготвува за нејзиниот голем ден од венчавката со Џејмс Хинс, а на истите е целосно гола.

-Кејт е бесна поради ова. Иако не е повеќе со Џејмс, овие фотографии и се многу драги и приватни. Сите знаат дека голотијата не е страшна за Кејт, но ова е поинаку. Некои беа наменети само за него, а останатите за блиски пријатели. Сега Кејт бара начин да ја зголеми својата сигурност на интернет, изјавува извор близок на манекенката.

Кога ќе нападнат хакерите и ќе го објават својот продукт, останува да видиме.

2