Балкан
24. August 2019 - 15:54

Една од најлуксузните јахти во светот влови во Саранда

Луксузната јахта „Катара“,која се вбројува меѓу најголемите приватни јахти во светот, вплови во албански пристанишен град Саранда.

Таа е сопственост на поранешниот емир на Катар Хамад Бин Кхалифа Ал-Тани,татко на актуелниот катарски емир.

Јахтата е со должина од 124 метри и нејзината вредност се проценува на 400 милиони долари.

Шекот Ал-Тани во Саранда бил пречекан од вршителот на должноста амбасадор на Катар во Тирана.Тој и лани престојуваше во Саранда,прморски град кого го нарекуваат бисер на албанското крајбрежје.

Шеикот Ал Тани, е роден на 1 јануари 1952 година, а емир на Катар беше од 1995 до 2013 година.