Македонија
24. December 2016 - 16:06

Една недела пред Нова година три семејства од Прилеп останаа без кров над глава - голем пожар уништи две куќи

Во силен пожар, кој бил пријавен околу 7 часот утринава, во Прилеп изгореа две куќи. За срека, повредени нема, но, и покрај брзата интервенција на ТППЕ, причинета е голема материјална штета. Пожарот најпрвин ја зафатил покривната конструкција на едната од куките на улицата “Круме Волнароски” бр. 29, по што се проширил и на  другата. Петте противпожарни возикла и шеснаесетте пожарникари, за жал, не можеле многу да сторат во справувањето  со огнената стихија која се ширела со голема брзина, така што горните катови од двете куки, во кои што живееле три фамилии,  целосно се опожарени. Екипи од крим- техниката на Полицијата, како и од ОЈО до доцна попладнево работеа на откривање на причините за  пожарот. 
 
Вчера попладнето, пак, во некогашните “Оранжерии” кои се наоѓаат во близина на типската населба “11-ти Октомври” во Прилеп, во силен пожар  изгореа бараки. Пожарот, од страна на ТППЕ локализиран е за брзо време, но, причините за неговото избувнување, се уште не се познати.