Македонија
14. August 2016 - 19:55

Една недела по поплавара – Се менува сликата во поплавените реони

По една семица од невремето се повеќе  улици чисти, се поголем број куќи  испразнти од кал и отпад. Голем број граѓани  викендов дојдоа на помош во селото Стајковци кое беше најпогодено од катастрофата.  Некои помагаат во расчистување, други пак носат храна, облека и средства за хигиена.

Лекарите се на терен посетуваат немоќни лица на кои им е потребна соодветна терапија. Зарази нема велат од амбулантата во Стајковци, до сега на клиниката за инфективни болести хоспитализирани се само две лица но не поради тежината на болеста туку поради потребата од соодветна изолација. Бројот на жители кои побарале лекарски совет денеска е поголем .

Во Инџиково теренот е чист, куќите дезинфицирани, отпадот исфлен. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ изврши увид во санацијата на штетите.  На средбата граѓаните изразија благодарност за сработеното.

Во Стајковци беа во најпогодените улици од невремето. Во селото се работи со 750 работници и 80 машини.До сега се дезинфицирани над 500 куќи.

Екипите продолжуваат да работат и во текот на ноќта а до утре се очекува и голем дел од улиците да бидат измиени и дезинфицирани за што градот ангажирал 10 цистерни  и 4 возила од противпожарната бригада.