Македонија
6. September 2020 - 22:04

Една ипол милијарда ученици и студенти ја прекинаа наставата од 1ви април

Една и пол милијарда ученици и студенти ја прекинаа наставата од 1_ви април, годинава како резултат на пандемијата со Ковид 19. Образовниот процес наеднаш застана и се наложи потребата од изнаоѓање на механизми како да се продолжи со едукација, како во основните и средните, така и во високо школските установи.

Првично ни беше интересно да развиеме алатки, да се најдеме во тој виртуелен простор, меѓутоа наидовмеи на проблеми. Не беше толку забавен тој дел, значи имавме проблеми во однос на изнаоѓање на соодветни начини за оценка на студентите, за како да се процени нивното знаење. Одбрана на дипломски, магистарки, кои вообичаено се пропратени со свечена атмосфера, а тоа преку он лајн платформите е невозможно- изјави ОЛГА КОШЕВАЛИСКА, ДЕКАН НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ-УГД-ШТИП.

Во време на он лајн настава, логично се наметна потребата на истиот начин УГД да ја организира 7-та меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“. За учество се пријавија панелисти од 13 земји од Светот, кои дискутираа на различни актуелни тематики.

Станува збор за панел кој се однесува за мултидисциплинарно општество, односно опфаќа и право и политика и општествени и хуманитарни науки, а исто така и медиуми и комуникација-изјави МИЛИЦА ШУТОВА, ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ –УГД.

Конференцијата се одвива на 3 јазици, македонски, англиски и руски јазик, сесија на која учествуваат професори и докторанти на Универзитетот во Сант Петерсбург.