Македонија
2. јуни 2023 - 16:31

Една година стратешки дијалог со САД

Претстојат тешки одлуки, но САД на тој пат стојат рамо до рамо со Македонија, порача американската амбасадорка Агелер, на годишнината од старешкиот дијалогот меѓу двете земји.

Патот на земјата до овој клучен момент во својата историја не беше лесен, а претстојат и тешки одлуки. Но САД отсекогаш биле и секогаш ќе бидат ваш постојан поддржувач и најголем пријател.

Ќе бидеме со вас рамо до рамо додека ги постигнувате вашите цели за безбедност, просперитет и можности во рамките на европската заедница, истакна американската амбасадорка во земјава.

Во заедничкото обраќање  шефот на македонската дипломатија и амбасадорката се осврнаа на придобивките на тридецениското партнерство, предизвиците и зацврстувањето на взаемните односи.

Стратешкиот дијалог  беше отворен  минатата година во Стејт Депарментот.

Во фокусот на процесот се  регионалните иницијативи,  реформските процеси значајни за евроинтегративните перспективи, помирувањето и  стабилноста на Западниот Балкан,