Македонија
26. February 2021 - 17:02

Една година по првиот регистриран случај на Корона во Македонија

26 февруари, 2020 во Македонија е регистриран првиот случај на Корона. Заболената жена вирусот го донела од Италија. На прес-конференција, министерот Филипче уверуваше дека ситуацијата е под контрола и нема место за паника.

-Пациентката е позитивна за вирусот Ковид-19, што значи дека таа е првиот пациент во Скопје дијагностициран за заболена со овој причинител. Сакам да повторам она што го кажуваме целиот овој период, дека нема простор за паника.

Но, развојот на настаните го покажа спротивното. Еден месец подоцна, беа донесени првите превентивни мерки против ширењето на вирусот. Се затворија градинките училиштата , факултетите а беа забранет и јавните настани. На подрачјето на Дебар и Центар Жупа на 13 март беше прогласена вонредна состојба, а двете општини беа ставени под карантин. Престедателот Пендаровски прогласи вонредна состојба. Во април  бројката на болни се искачи на над илјада, а веке во јуни имаше преку 6.000 заболени и 300 починати. Рестриктивните мерки и протоколи се редеа, но и бројот на заразени и смртни случаи. Една година  по првиот ковид случај во Македонија, ситуацијата е алармантна:

101 илјада 214 заболени, 90 илјади  685 оздравени, 3 илјади 111 смртни случаи, и 7 илјади 418 активни случаи.

Сега сме на прагот на третиот бран, а новиот сој на вирусот беснее низ земјава.  Единствена заштита за гарганите се уште се маските, на вакцините се уште се чека. Првите 8.000 дозина Фајзер  донирани од Србија се резервирани за здравстевните работници. Во најава се 200.000 кинески и 100.000 руски вакцини, а се чека и на Ковакс механизмот. Кога и како ке пристигнат се уште не се знае.