Македонија
5. May 2021 - 9:28

Една година од смртта на Драган Вучиќ

Денеска се одбележува една година од смртта на македонскиот водител, пејач и композитор Драган Вучиќ.

Познатото телевизиско лице почина во мај претходната година. Вучиќ беше позитивен на Ковид-19 и беше сместен на Инфективната клиника во Скопје, но за жал тој ја изгуби битката со коронавирусот.

Драган Вучиќ познат е во јавноста по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и „Гурмански муабети“, но и по бројните негови хитови како „Ќе те ќарам“, „Ника Ника Марика“, „Катерина“, „Твојте очи шараат“ и многу други.