Живот
8. October 2016 - 21:45

Една црта на лицето открива какви сте, а не се очите- погледнете што е

Истражувањето на Универзитетот во Летбриџ, Канада, покажува дека постои една црта на лицето која во целост може да го промени изгледот на човекот и која всушност најмногу помага во препознавањето на некоја личност.

Испитаниците требало да препознаат славна личност на фотографиите, со тоа што на некои им биле скриени очите, а на некои веѓите. Тие полесно ги препознале лицата на кои не им ги гледале очите.

Заклучокот на научниците е дека веѓите имаат клучна улога во препознавањето, но и во тоа како другите не доживуваат. Притоа, најважен е обликот на веѓите.

Заоблените веѓи oткриваат личност која е отворена и дружељубива.

Рамните веѓи oткриваат личност која е директна и се води според фактите и логиката

Веѓите со четвртаст облик oткриваат личност која сака секогаш да е во право и да има контрола врз секоја ситуација.