Живот
13. May 2020 - 15:16

Една 99-годишна Израелка го преживеала Холокаустот и Ковид-19

 Израелката Сара Ицингер за своите 99 години го преживеала Холокаустот, а сега се излекувала и од Ковид-19, по боледување од речиси еден месец откако се заразила во дом за стари лица во Ерусалим.

Покрај неа, се заразил и нејзиниот 96-годишен сопруг, но тој починал пред помалку од еден месец, јавија израелските медиуми.

Ицингер закрепнала и покрај голем број хронични болести што ги имала.

Откако го преживеала Холокаустот во Втората светска војна, таа се преселила во САД каде што го запознала нејзиниот сопруг, со кого има ќерка и 13 внуци.

Пред околу една година, сите се преселиле во Израел, каде Сара и нејзиниот сопруг живееле во дом за стари лица.