Живот
13. October 2019 - 23:57

Едита е прогласена за најдобра во ТЛЗП! Таа и Ненад се победнички тим во 2. епизода

Втората епизода на омиленото шоу „Твоето лице звучи познато“ на Тв Сител беше вистински спектакл.

Натпреварувачите и овој пат го дадоа својот максимум, а на сцената се имитираа  популарни музичари од домашната  и странската сцена. 

Според гласовите од жирито најдобра беше Едита, а тимот кој ја однесе победата е Едита Арадиновиќ и Ненад Пагонис.

Продукцијата на „Твоето лице звучи познато“ на победниците им додели чек од 1000 евра, за кој тимот одлучи да биде подарен во Фондацијата на Новак Ѓоковиќ.