Единица за непрописно паркираните, петка за прописно паркираните возила во Куманово
Учениците од Куманово ги оценуваа возачите, прописно паркираните со пет, непрописно со единица. Активноста се реализира во соработка со СВР Куманово и општина Куманово во рамки на кампањата „Недела на безбедност во сообраќајот во Куманово“. Екипите на отсекот за превенција, на општина Куманово и ученици од сообраќајните тимови и полицијата поделија флаери на возачите во Куманово.
-Учениците и полицијата ќе направат и анкета со која ќе се изврши согледување за неколку прашања, дали некогаш поминале на црвено, дали користат мобилен додека возат, дали им даваат предност на пешаците, дали возат побрзо од ограничувањето. Се надевам дека одговорите ќе бидат искрени, изјави Виолета Богдановска од отсек за превенција од СВР Куманово.
На овој начин сметаат надлежните ќе се упати порака и ќе се влијае на свеста за совесно и одговорно возење, особено пред и околу училиштата.
Бојан Петковски од општина Куманово, вели дека спроведувањето на законските регулативи значајно влијае на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Утревечер, во угостителските објекти, ќе се спроведе истражување и на оние возачи кои не конзумирале алкохол ќе им бидат врачени зелени картони, а на возачите кои конзумирале алкохол ќе им се даде црвен картон и препорака да користат такси превоз. Во понеделник, во рамки на кампањата ќе се поделат флаери на бензински станици, на места каде има поголема фрекфенција, со цел подигање на јавната свест за почитување на сообраќајните правила и прописи.
Ново на Сител
-
Ѓорчев: На 15% на ниво на Македонија Силјановска Давкова 43.466, Пендаровски 18.213
-
ЈО: До затворање на избирачките места не е пристигната ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите
-
Три случаи на фотографирање и два случаи на кинење на гласачкото ливче, соопштува МВР
-
Муцунски: Овој ден е почеток на крајот на оваа власт
-
48% од гласачите гласале до 18.30 часот
-
Арбен Таравари: Граѓаните масовно излегуваат, што е добар знак за опозицијата
-
Стевчо Јакимовски: Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа
-
Билјана Ванковска: Првиот и најважен чекор е граѓаните да гласаат, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер