Единасет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје
Единаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден. Во шест сообраќајки била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 18 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 19 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и еден почетник, како и 18 нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и двајца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство наминување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување, еден возач за не носење заштитен шлем, еден возач за не носење сигурносен појас, како и осум возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Затекнати биле 90 возило непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 67 возила.
Ново на Сител
-
Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025
-
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
-
Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија
-
Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар
-
Скопјанец наплаќал паркинг на државно земјиште
-
Кривична пријава за тројца полициски службеници за „несовесно работење во службата”
-
Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија
-
Ѓурчески: Се сомневам дека Данка е киднапирана, детално чешлање на сите криминалци во тој регион