Македонија
15. May 2018 - 9:41

Единаесетти пожарникарски крос покрај Вардар

Традиционалниот пожарникарски крос- натпревар „Пожарко 2018“ денеска по единаесетти пат ќе се одржи на кејот на реката Вардар, во близина на СЦ „Јане Сандански“ во општина Аеродром. 

Право на учество на кросот, во конкуренција на категорија машки 600 метри и женски 500 метри, имаат учениците од осмо и деветто одделение од основните училишта од Град Скопје.

Кросот се одржува по повод 20 Мај-Денот на пожарникарството во Република Македонија во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, a во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје.