Македонија
4. July 2018 - 8:25

Единаесет сообраќајки во скопско, пешак тешко повреден

Пешак бил потешко повреден во една од вкупно 11 сообраќајки случени во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во седум биле осум лица полесно повредени. Во три сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и шест возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, девет возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач за неправилно престројување, тројца возачи не дале првенство на минување на возила  во зона на крстосница, како и 15 возачи за не користење на заштитен шлем. Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 72 непрописно паркирани возила.

Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 13 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, седум возачи почетници, како и 11 нерегистрирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 78 возила.