Македонија
21. February 2017 - 9:30

Единаесет сообраќајки во Скопје, пет лица повредени

Пет лица се здобиле со полесни повреди во две од вкупно 11 сообраќајни незгоди кои се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во девет сообраќајки е причинета материјална штета.

Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се двајца возачи кои поминале на црвено светло  на семафор, седум возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и 12 возачи кои не се придржувале према ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Санкционирани се и 11 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци. Затекнати се 45 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 33 возила.