Македонија
22. January 2020 - 8:32

Единаесет повредени во седум сообраќајки во Скопје

Единаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, сообраќајната полицијај исклучила еден возач кој се движел со поголема брзина од дозволената, еден возач пред се стекне со право на управување на моторно возило и едно нерегистрирано возило.

За не прописно паркирање е издадена една казна, а со специјалнто возило „пајак“ подигнати се 56 возила.

Казнет е еден возач кој поминал крстосница на црвено светло.