Loading Video...
Македонија
2. January 2019 - 16:23

Еди Рама најавува отворени граници и со Македонија

2019  ќе биде година кога нема да постои  граница помегу  Косово и Албанија, порача  албанскиот премиер. Во новогодишната порака до граѓаните Еди Рама најави и слободно движење помегу Македонија и Албанија во блиска иднина.

- Верувам дека границата меѓу Косово и Албанија на пролет ќе биде по критериум на Шенгенскиот договор. Во блиска иднина во план е иста постапка кога станува збор и за Македонија, за Црна Гора, и Грција..Со таква пракса ќе продолжиме до стапување во Европската унија.

Пред неколку дена иста вест стигна и од Приштина.  Претседателот Тачи  порача во  2019  ќе биде отворена  граница помеѓу Косово и Албанија.

-Додека 2018 година беше година на „Армијата на Косово”, годината што ја започнавме ќе биде година на отворање на границата на Косово и Албанија и постигнување на конечниот договор меѓу Косово и Србија“ напиша Тачи на „Фејсбук“.

Секое поместување на границите во регионот е многу опасно  предупредуваат аналитчарите. Според нив, за повторното оживување на дебата за границите на Балканот, улога има и  политиката на ЕУ кон оддредени балкански влади.