Македонија
27. January 2018 - 11:15

Еден загинат во страотен судар на автомобил и комбе на патот Битола - Прилеп

Вчеа во 17,50 часот на патниот правец Битола- Прилеп, во близина на бензинската пумпа, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(61) од Прилеп и товарно возило „Форд транзит конект“ со штипски регистарски ознаки управувано од П.П.(27) од Штип.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Г.Б. кој бил пренесен во Општа Болница Прилеп, каде во 21,30 часот им подлегнал на повредите.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.