-->
-->
Еден загинат во невреме во Истанбул проследено со грмотевици и торнада
-->
Силно невреме го погоди вчера Истанбул проследено со пороен дожд, грмотевици и торнада, јавија турските медиуми.
Во невремето загина Сириец на возраст од околу 30 години.
Истанбулската метеоролошка служба предупреди со жолт код за очекуваното лошо време во метрополата. Во населбата Бешикташ, многу автомобили останаа потопени до половина. Плоштадите и улиците се претворија во реки. Во областа на Босфорот и околината, дождот се претвори во град.
Од невремето искорнати беа дрва во областа Аџибадем, а торнада се формираа во Чаталџа и Хадумкој, што се гледаат само во апокалиптични филмови, јавија локалните медиуми.
Десетици покриви беа урнати, поплавени се згради.
„Невреме во метрополата се очекува и денеска“, предупредуваат медиумите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море