Балкан
4. December 2015 - 12:39

Еден загинат при пад на спортски авион во Словенија

Спортски авион од типот „Пајпер ПА-28“, кој летал од Виена до Љубљана, се урна синоќа неколку минути пред слетувањето на љубљанскиот аеродром „Брник“, при што загина пилотот, соопшти денеска словенската полиција. 

Остатоците од авионот биле пронајдени доцна синоќа во шума близу местото Менгеш, а на неколку десетина метри е нив е лоцирано и мртвото тело на пилотот.

Истрагата за причината на несреќата е во тек, но, како што јавија словенечките медиуми, полициски извори соопштиле дека пред падот пилотот јавил дека имаа потешкотии при управување со авионот.