Балкан
11. March 2016 - 8:39

Еден загинат при несреќа во рудникот „Бановиќи“

Еден рудар загина откако при несреќа останал заробен во една од јамите на рудникот за јаглен „Бановиќи“ во Босна и Херцеговина.

Како што соопшти портпаролот на полицијата во Тузла, Изудин Шариќ, загинатиот е 41-годишен жител на Бановиќи.

Несреќата се случила откако се урнал еден од носечките столбови во јамата. 

На местото на несреќата заедно со загинатиот биле уште петмина рудари, кои успеале да се извлечат од јамата.