Еден загинат и тројца повредени во сообраќајка кај Струмица
Дваесет и едногодишен сопатник починал, а уште тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа 30 минути по полноќ на магистралниот пат Ново Село-Смоларска крстосница, на излез од село Ново Село, информираат од СВР Струмица.
Во несреќата учествувале автомобили „форд мондео“,и „мерцедес бенз“ и двата со струмички регистарски ознаки.
- Од здобиените повреди, во незгодата починал сопатникот во возилото „мерцедес бенз“ И.И.(21) од село Ново Коњарево, а со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „форд мондео“,Д.Д.(24) и сопатникот во истото возило И.С.(19) од село Рич, додека со телесни повреди се здобил В.Ч. (23), возач на „мерцедесот“ по што биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, се додава во соопштението на струмичката полиција.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на Полициската станица Струмица.
Сообраќајот бил во прекин и бил пренасочен по локалните патишта од 00:45 до 04:00 часот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги