Балкан
20. November 2017 - 10:55

Еден загинат и шестмина повредени откако бура урна куќа во источна Турција

Еден постар маж загина, а шест лица се повредени при уривањето на трошна куќарка во градот Козлук во источна Турција.

Двајца од повредените се во тешка состојба.

Причина за уривањето на куќарката се силните дождови што ја зафатија Турција.

Сите повредени се членови на семејството кое живеело во куќата, а дождот предизвикал уривање и на соседната штала, при што угинале и дел од нивните домашни животни.