-->
-->
Еден загинат и еден тешко повреден во сообраќајка кај Злево
-->
Едно лице загина, а едно е тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска 45 минути по полноќ на локалниот пат од с.Злеово кон магистралниот пат Радовиш-Струмица.
МВР соопшти дека патничко возило „Рено-еспејс“ со струмички регистерски ознаки управувано од П.П. (29), излетало од патот при што на самото место починал сопатникот Т.В. (23), а со тешки телесни повреди се здобил Д.С. (19) и двајцата од с.Владевци-струмичко, кој по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар-Струмица бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје.
Возачот П.П. исто така од с. Владевци, по сообраќајката го напуштил местото на настанот. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Радовиш, а телото на починатиот е дадено на обдукција.
МВР презема мерки за пронаоѓање на возачот на возилото и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо