Свет
17. February 2018 - 15:48

Еден загинат и еден исчезнат при експлозија во фабрика во Франција

Еден работник загина, а друг се води како исчезнат при експлозија во фабрика за производство на прехранбени масла во францускиот пристанишен град Диеп.

- Пожарникарите не информираа дека еден човек загинал, а еден се води како исчезнат, изјави претставник на корпорацијата „Аврил“, во чија сопственост е фабриката.

Тој не соопшти повеќе детали за инцидентот, нагласувајќи само дека засега не се познати причните за експлозијата.