Македонија
1. September 2019 - 16:32

Еден загинат и двајца повреди во напад со нож во Гостивар

Бројните убоди со нож биле кобни за 78 годишна жена која била нападната во својот дом во Гостивар. Иако била пренесена во болница, лекарите не успеале да ја спасат. Насилникот, за кој неофицијално се зборува дека тоа го направил поради нерасчистени фамилијарни долгови, освен што ја убил старицата со нож ги повредил и нејзината ќерка и зет кои биле  пренесени на скопските клиники. Повредената по направеанта операција е на клиниката за торакална хирургија а нејзиниот сопруг се бори за живот на КАРИЛ со неколку убодни рани во вратот.

За трагичниот настан гостиварската полиција добила пријава во 4 часот изутрина а веќе два часа подоцна уапсиле 46 годишен гостиварец поради евентуална вмешаност во настанот.

Освен полицијата, во станот во Гостивар каде се случила трагедијата увид направил и јавен обвинител. Кој е мотивот за убиството, надлежните ќе соопштат по комплетирање на истрагата.