Македонија
28. February 2018 - 11:41

Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Едно лице загина, а две се тешко повредени, во сообраќајна несреќа што утрово околу 10 часот се случи на патот Градско-Прилеп.

Според првичните сознанија кои ги потврдува Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, станува збор за директен судир помеѓу патничко и товарно моторно возило.

Увидот е во тек, на лице место е и екипа од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

Сообраќајот на местото на несреќата се одвива наизменично по една коловозна лента