Македонија
6. January 2020 - 19:31

Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка кај Струмица

Едно лице загина, а две се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнето на локалниот пат кај селото Добрашинци во близина на месноста Шапкар. 

Според првичните информации до несреќата дошло при судир на две патнички возила, Шкода кое било управувано од 63 годишен жител на селото Пиперево и патничко возило Шаран управувано од жител на селото Градашорци.

Во несреќата на лице место загинал возачот на патничкото возило Шкода, 63 годишниот В.А. додека возачот на другото возило и неговиот сопатник се здобиле со телесни повреди по што биле пренесени во струмичката болница.

Поради тежината на несреќата во интервенцијата учествувала и екипа на противпожарната единица со две две возила и шест пожарникари. Како дошло до несреќата засега не е познато. Увид на лице место извршија увидна екипа на СВР Струмица и јавен обвинител.