Македонија
13. July 2020 - 19:39

Еден загинат и 16 повредени во сообраќајка во Штип

Две тешки сообраќајни несреќи за неполни 2 часа на патот Штип – Радовиш со кобни последици. Во сообраќајката која се случи околу 21,30 во близина на клучката за село Љуботен, дошло до судир на 3 возила, опел корса, пежо 206 и мерцедес.

Во незгодата починал сопатникот во патничкото возило опел корса, на возраст од 42 години, додека возачот се здобил со тешки телесни повреди и двајцата сопатници со телесни повреди, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР - Штип.

Повредени се 4 лица, од кои еден е задржан на лекување во болницата, трите останати лица се пуштени на домашно лекување-изјави Марина Шуманка, портпарол на клиничка болница-Штип.

Не цели два часа претходно на истата делница во близина на с. Лакавица дошло до судир на два автомобили марка мерцедес и камион. Во мерцедесот со велешки ознаки покрај возачот биле и 11 мигранти, 10 од Пакистан и еден од Авганистан, кои се превезувале во багажникот на возилото.  Сите се здобиле со телесни повреди и се хоспитализирани на штипска клиничка. Со тешки и лесни повреди се здобиле и двете штипјанки кои се превезувале во другиот автомобил.

Од повредените, 7 се задржани на одделението за хирургија, а 6 се задржани на лекување на одделението за ортопедија, изјави Шуманска

По укажаната лекарска помош, 6-мина од мигрантите се предадени на полицијата и ќе бидат пренесени во прифатниот центар „Југ“. Возачот кој ги превезувал, по несреќата побегнал од лице место, а полицијата се уште трага по него.