Македонија
1. July 2016 - 9:44

Еден загина во страшна сообраќајка на патот Неготино-Демир Капија

Еден загинат и четворица повредени во сообраќајка на  автопатот А1 Неготино-Демир Капија, која се случи утрово во 05:20 часот, во близина на хотел „Парк", информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

- Патнички автомобил „Daewoo“ со српски регистерски ознаки удрил лево во заштитна еластична ограда од автопатот и се префрлил на другиот коловоз автопатот А1 правец Демир Капија-Неготино, појаснува Стојковска.

Во несреќата починало едно лице, а останатите четири лица се здобиле со телесни повреди. Сите повредени биле пренесени во Медицинскиот центар Велес.

- Увид на лице место изврши надлежен Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.  Во времето од 05:20 до 08:30 часот на правецот Неготино-Демир Капија сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента, додаде Стојковска. с