Свет
25. September 2017 - 8:58

Еден убиен и седуммина повредени при напад во црква во САД

Едно лице загина, а седуммина други се повредени синоќа, кога вооружен маскиран маж упадна во црква во американскиот град Нешвил и отвори оган кон присутните верници.

Еден од присутните во црквата му се нафрлил на мажот во обид да го спречи и при нивното борење, напаѓачот истрелал од пиштолот што го држел врака и се се самоповредил. 

Напаѓачот е идентификуван како 25-годишниот Емануел Кидега Самсон, кој е уапсен неколку часа по нападот. Поради здобиените повреди тој е пренесен во болница, каде е задржан под полициски надзор. 

Според наводите на истражителите, не постои врска меѓу напаѓачот и другите верници. 

Засега мотивот за нападот не е познат.