Македонија
14. December 2015 - 10:00

Еден убиен и двајца повредени во престрелка во струшко

Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што синоќа се случила во струшкото село Долна Белица.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека престрелката се случила околу 22 часот и 30 минути. Еден од повредените, според Димоски, е пренесен на скопските клиники, додека другиот е во специјалната болница за ортопедија и траумоатологија „Свети Еразмо“ во Охрид.

Полицијата направила увид и работи на расчистување на случајот. Повеќе детали се најавени за текот на денот.