Свет
3. November 2017 - 17:37

Еден уапсен при инцидент кај Белата куќа

Еден човек е уапсен денеска при инцидент крај Белата куќа.

Тајната служба го забележала човекот како се „однесува сомнително“ во близина на северната ограда на Белата куќа, кон паркот Лафает и авенијата Пенсилванија, дел од објектот кој е најдостапен за случајните минувачи и повремените демонстранти, кои некогаш се обидуваат и да се прекачат преку оградата.

Засега не е објавено името на уапсеното лице или пак точните причини за апсењето.

Претседателот Доналд Трамп во моментот на инцидентот не бил во Белата куќа. Тој е на пат кон Перл Харбор на Хаваите, по што заминува на подолга турнеја по источна Азија.