-->
-->
Еден сириски војник загина, тројца се ранети во израелски напад во Сирија
-->
Еден сириски војник загина, а тројца се ранети во израелски воздушен напад синоќа во областа Палмир, објави сириското Министерство за одбрана.
„Нападот, чија цел беше комуникациската кула, се случи во 23:34 часот по локално време, а предизвикана е и одредена материјална штета“, се наведува во краткото соопштение на Министерството на Фејсбук.
Инцидентот се случи неколку дена откако сириската противвоздушна одбрана одговори на израелскиот напад врз воената база во централната провинција Хомс, во кој беа ранети шестмина војници, а беше причинета и материјална штета.
Израел изврши неколку напади во делови од Сирија во последните години, а Тел Авив потврди дека напаѓа бази на милиции поврзани со Иран, како што е либанскиот Хезболах, кој се бори на страната на силите на сирискиот претседател Башар Асад во граѓанската војна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари