Балкан
30. September 2016 - 22:38

Еден работник загина во компанијата АрцелорМитал во Зеница

Едно лице загина во технолошка несреќа, која денеска попладне се случи во фабриката на компанијата „АрселорМитал“ во боснаскиот град Зеница.

Според првичните информации, до несреќата дошло поради струен удар при извршување на работите во погонот за енергетика, соопшти полицијата.

Истрагата е во тек, а на местото на инцидентот пристигнале екипи од секторот за криминалистичка полиција и јавен обвинител, кој побарал поширока истражна постапка за овој смртен случај.