Свет
5. September 2018 - 9:39

Еден пратеник гласа за петмина: Протече скандалозна снимка од украинскиот парламент

На интернет се појави снимка како пратеник на Врховната Рада на Украина гласа наместо другите народни пратеници.

На снимката се забележени два моменти кога пратениците гласале за своите колеги - во текот на гласањето за законот за прекугранична соработка и за дневниот ред за оваа недела.

Наместо колегиот од Народниот фронт гласал Вадим Подберезњак. Тој го притиснал зеленото копче за своите колеги Александар Горбунов, Георгија Логвински и Павел Пинзеник.

Друг народен пратеник од истата партија Андред Иванчук во текот на гласањето за дневен ред ги притиснал зеленото копче наместо колегите Виктор Јеленски, Светлана Војцеховска, Максим Пољаков и Павел Пинзеник.